Линкови за пристапност

Светот ја одбележува Неделата на водата


Светот ја одбележува Неделата на водата
Светот ја одбележува Неделата на водата

Земете вода, подарете живот – е мотото на годинешнава кампања на УНИЦЕФ

Поголем број од рестораните во САД обичната вода ја послужуваат бесплатно, но неделава за неа наплаќаат по еден долар или нешто повеќе. Овој проект има едноставна цел.

„Проектот на УНИЦЕФ има за цел да се сврти вниманието на фактот дека преку 900 милиони луѓе ширум светот немаат пристап до квалитетна, чиста и здрава вода за пиење“, Керил Стерн, раководителка на Американскиот фонд за УНИЦЕФ.

Таа додава дека болестите добиени од нечиста вода се втор причинител за смртност кај децата ширум светот.

„Секојдневно поради тоа што немаат пристап со здрава вода, умираат речиси 4.100 деца“, вели Стерн.

Таа додава дека за еден долар, може да се обезбеди солидна, чиста вода за едно дете што би траела 40 дена.

Овој проект на ОН се прошири од неговите почетоци од пред пет години кога го применуваа 300 ресторани во Њујорк. Годинава, вели Стерн, кампањата ја водат околу 3.000 ресторани.

„Проектот помогна да собереме околу 2,5 милиони долари изминативе пет години. Минатата година за прв пат успеавме да собереме над еден милион, а годинава се надеваме дека ќе има и повеќе“, изјави претставничката на УНИЦЕФ.

Таа вели дека успехот главно се должи на бројните волонтери кои го поддржуават проектот и организираат разни настани во рестораните во нивните општини.

Во кампањата во САД за прв пат се вклучени и познати личности од светот на спортот и забавата, како Селена Гомез, Двајт Хауард, Ријана, Тејлор Свифт и други.

„Во одредени случаи ја доставуваме чистата вода со цистерни, во други, помагаме да се ископа бунар или ја прочистуваме водата што веќе е таму. Како дополнение, ги образуваме луѓето за она што треба да знаат со цел обезбедување на здрава вода за пиење“, додаде Стерн. Присутни сме во 157 земји ширум светот“, вели таа.

Мотото на овој проект на УНИЦЕФ е едноставно – кога земате вода, подарувате живот.

XS
SM
MD
LG