Изборите од вторникот на републиканците им дадоа контрола на Претставничкиот дом. Професорот по политички науки од Универзитетот Колумбија Роберт Шапиро смета дека предизвика и легислативен застој во Сенатот, каде демократите ја задржаа контролата.
„Фактот што имаме еден вид поделена влада, се` што републиканците ќе сакаат да направат во Претставничкиот дом ќе биде осуетено од демократите во Сенатот, или пак на крајот претседателот ќе стави вето. Од друга страна, се` што Обама или Сенатот ќе сакаат да направат, нема да мине во Претставничкиот дом“, коментира Шапиро.
Тргувачите на њујоршката берза велат дека пазарот започна оди нагоре од септември-наваму, во очекување на победата на републиканците. Вредноста на акциите се очекува да расте и натаму. Корт Гвон, директор за тргување во советодавната компанија за трансакции на хартии од вредност, ФБН, објаснува:
„Зошто е ова добро за бизнисот? Затоа што владата не ќе може да направи многу да ја промени бизнис-климата. Не може да ги крене даноците, не може да воведе нова регулатива...затоа е добро за бизнисот“.
Џозеф Греко, управен директор на брокерската компанија Меридијан еквити партнерс, вели дека изборите им дале знак на пазарите дека владата се врати со нив на иста линија.
„Има консензус дека ова веќе не е еднонасочна влада. Изборите се погрижија претседателот да нема премногу моќ“, вели Греко.
Греко додава дека натпартиската соработка во Вашингтон може да помогне САД да го употребат својот капацитет за иновација, за креирање на работни места и подобрување на меѓународната позиција на земјата. Тоа би било прогрес-коментира Греко. Спротивното е Конгрес што не ќе може да мрдне.