Британските надлежни органи го затворија воздушниот простор врз Шкотска и Северна Ирска поради новиот бран пепел што почнал да излегува од вулканот во Исланд.
Одговорните во Британската цивилна авијација во средата ги приземјиа летовите на аеродромите во делови на Шкотска и Северна Ирска почнувајќи од седум часот наутро по локално време.
Агенцијата вели дека пепелта во воздушниот простор на Велика Британија згуснала и може да биде опасна за моторите на авионите.
Ирските власти соопштија дека летовите во и надвор од Даблин ќе бидат во прекин до доцна претпладне по локално време. Во Британија, надлежните велат дека облакот пепел може да ја попречи работата на аеродромите во северозападна Англија и делови на Велс, но не и на оние во Лондон.
Најновите затворања на аеродромите следат по неколкучасовниот прекин на работата на аеродромите во Ирска и делови на Шкотска во вторникот.