По повеќемесечната апстиненција од јавни настапи, поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, во интервју за Дојче веле се огласи со остри критики на сметка на раководството на најголемата опозициска партија во државата.
Актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев, пак, денеска во интервју за НОВА изјави дека коментарите на Црвенковски ги смета за легитимитет како дел од еден демократски процес и дебата внатре во партијата што СДСМ како демократски политички субјект ја почитува. Заев во овој јавен настап изјави дека сепак, покрај се`, очекува на Конгресот на партијата, закажан за во недела, тој и раководството на СДСМ да ја добијат довербата од делегатите на партискиот конгрес.
„Наша цел и обврска е да ја вратиме демократијата и да го коригираме општеството, тоа е нашата главна цел и обврска и кон 400.000 гласа освоени на претседателските избори како и кон оние 300.000 гласа освоени на парламентарните избори“, изјави Заев.
Во интервјуто за Дојче веле, Црвенковски го обвини Заев за погрешни политики, што, како што рече, довеле до сериозна криза во партијата.
„Серијата погрешни проценки за клучни прашања, водењето на политика од денес до утре, продуцирањето на внатрешни поделби во партијата, за жал, не гарантираат успешно лидерство. Сметам дека за СДСМ е најдобро да се оди со сосема ново решение“, вели Црвенковски.
Воедно, Црвенковски го сугерираше Стево Пендаровски за нов партиски лидер.
„Пендаровски не бил и не е дел од какви било партиски поделби, што би му дало одлична стартна основа за внатрешно помирување и обединување на партијата“ изјави Црвенковски за Дојче веле.
На ваквата сугестија на Црвеновски, Заев реагираше: „Денес, после објавеното интервју на Црвенковски, веднаш го повикав Пендаровски да го прашам дали има промена во неговиот став и дали размислувањата на Црвенковски се темелат на некави сознанија добиени од него. Стево уште еднаш, јасно и недвосмислено ми потврди дека воопшто не размислува за некаков партиски ангажман, а најмалку пак за функцијата претседател на СДСМ. И денеска повтори дека целосно останува заедно со партиското раководство да ја води битката против оваа власт“, изјави Заев.
Од своја страна, Пендаровски се огради од сите шпекулации со неговото име.
„Бидејќи не сум дел од партиските тела и органи, сакам да останам дистанциран од сите случувања во СДСМ до нивниот партиски Конгрес на 11 мај и потоа. Затоа, во таа насока замолувам моето име да не биде инволвирано во тековните внатрешно-партиски комбинации и калкулации“, изјави Пендаровски.
На Конгресот на СДСМ во недела, делегатите треба да се изјаснат дали ќе му ја дадат довербата на актуелното раководството, а по поразот што партијата го доживеа на претседателските и парламентарните избори.