Линкови за пристапност

Јолевски: Македонија е подготвена за разговори за името – во било кое време, формат и место


Јолевски: Македонија е подготвена за разговори за името – во било кое време, формат и место
Јолевски: Македонија е подготвена за разговори за името – во било кое време, формат и место

Фрлајќи поглед на односите Македонија - САД во годината што измина, Јолевски оцени дека биле успешни и најави нов импулс во 2011

По речиси една година, стигаат најави за нова средба во Њујорк на преговарачите на Грција и Македонија со посредникот Метју Нимиц.

Амбасадорот на Република Македонија во САД, Зоран Јолевски, во интервјуто за Гласот на Америка на македонски најави дека Македонија е подготвена да влезе во новата рунда разговори за да се најде взаемно прифатливо решение.

„Република Македонија е спремна во било кое време, во било кој формат, во било кое место да се сретне со медијаторот Метју Нимиц и мојот колега Василакис, за да можеме да размениме мислења како може да го решиме отвореното прашање со нашиот јужен сосед. Македонија е искрено подготвена да влезе во овие разговори, со цел да се најде взаемно прифаливо решение кое што ќе го заштити идентитетот и дигнитетот на македонскиот народ“, вели Јолевски.

Грчките медиуми, пак, вчера објавија дека ова ќе биде „неформален состанок“ за да се испита ситуацијата, цитирајќи владини изгори. Грчката страна инсистира дека решавањето на името е предуслов за членството во НАТО и ЕУ и останува на позицијата – име со географска одредница, за општа употреба.

Фрлајќи поглед на односите Македонија - САД во годината што измина, Јолевски оцени дека биле успешни и најави нов импулс во 2011.

„Една од приоритетите во работата на македонската амбасадата е зајакнување на соработката меѓу Парламентот на Република Македонија и Конгресот на САД.

Планираме посети на македонски пратеници во Вашингтон, и, се разбира, дали може да донесеме некои сенатори и конгресмени во Македонија“, вели првиот човек на Македонија во Вашингтон.

Неколку инвестициони фондови најавија влез во Македонија, и главна цел во 2011-та е да зајакне извозот на македонските стоки на американскиот пазар, вели амбасадорот. Јолевски најави дека македонската делагација за традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон во февруари ќе ја предводи претседателот Ѓорге Иванов, а настанот ќе биде искористен за лобирање во Конгресот.

XS
SM
MD
LG