Линкови за пристапност

Светски ден на слободата на печатот


Иако има напредок во почитувањето на статусот на новинарите, некои влади и натаму користат репресивни мерки врз нив

Обединетите нации и групите за права на медиумите кои го одбележуваат Светскиот ден на слобода на печатот велат дека Арапската пролет ја попушти јамката на некои влади врз новинарството, но многу и натаму вршат притисок врз медиумите.

Во заедничко соопштение од Генералниот секретар на ОН Бан-Ки Мун и првиот човек на УНЕСКО Ирина Бокова велат дека промените во арапскиот свет ја покажале „моќта за аспирации за поголеми права, кога е во комбинација со нови и стари медиуми“.

Фридом Хаус соопшти дека Блискиот исток и Северна Африка искусиле „драматични, но несигурни придобивки“ во слободата на печатот минатата година. Оваа меѓународна група за заштита на злободата на печатот посочува дека Египет, Либија и Тунис имаат значителни придобивки, но оти Бахраин и Сирија спровеле репресивни мерки за згаснување на медиумите, како дел од владините напори за замолчување на народното незадоволство.

Групата јави дека Кина, Русија и Иран и натаму жестоко се однесуваат со притворените критичари на власта и со односот кон затворање на некои медиумите.

Репортерите без граници го одбележаа светскиот ден за слобода на медиумите со осуда на нападите врз новинарите. Групата вели дека годинава биле убиени 21 новинар. Групата го посочи сирускиот претседател Башар ал-Асад и исламските милитанти во Сомалија „најголеми прекршувачи на слободата на медиумите“.

XS
SM
MD
LG