Претседателот на Светската банка Роберт Зелик смета дека веројатно ќе бидат потребни нови програми за помош на земјите во развој, бидејќи се погодени од европската криза со презадолженост.
Зелик ова го изјави на Филипините, при посетата на сиромашен кварт во предградие на Манила, чии жители користат програма на Светската банка за сузбивање на сиромаштијата. Тој рече дека европската криза ја покачила цената на позајмувањето и ги намалила акциите и извозот ширум светот, дури и во далечни земји како Филипините.
Европската криза предизвика загриженост и во Пекинг. Кинеското Министерство за надворешни работи изрази надеж дека ЕУ ќе усвои ефикасни мерки за враќање на довербата и стабилноста на пазарот.
Зелик не е многу загрижен што европските лидери велат дека им е потребно повеќе време да излезат со сеопфатно решение за проблемот, но предупреди тоа на трае предолго.