Линкови за пристапност

Бројот на гладни во светот падна под една милијарда


Бројот на гладни во светот падна под една милијарда
Бројот на гладни во светот падна под една милијарда

Без оглед на тоа, на секои шест секунди умира по едно дете во светот поради неухранетост

Бројот на лица кои страдаат од хронична глад ширум светот се намали за прв пат во 15 години и е под една милијарда луѓе.

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) како причини ги наведува подобрените економски услови и намалувањето на цените на храната на светскиот пазар.

Но, организацијата подвлече дека во светот се` уште има 925 милиони луѓе кои се гладни - повеќето од нив во земјите во развој.

Генералниот директор на ФАО Жак Диоф вели дека на секои шест секунди умира по едно дете во светот поради неухранетост и потенцираше дека тој број е „апсолутно неприфатлив“.

Намалувањето на неухранетоста најмногу е концентрирано на Азија, со 80 милиони гладни луѓе помалку годинава. Во областите на Африка под Сахара, намалувањето е најмало – околу 12 милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG