Линкови за пристапност

Европски компании ги кршат правата на работниците во САД


Европски компании ги кршат правата на работниците во САД
Европски компании ги кршат правата на работниците во САД

Европските компании се обвинуваат од Хјуман Рајтс Воч за кршење на правата на работниците во САД. Во новиот извештај се вели дека европските мултинационални сили спроведуваат агресивна кампања со цел да се одвратат работниците во САД од организирање и преговори за подобри договори за себе

Хјуман Рајтс Воч вели дека бројни европски компании спроведуваат ригорозни закони за правата на работниците на Стариот континент, но кога се „селат“ во САД, правата на работниците паѓаат на ниско ниво на нивната агенда.

Извештајот опфаќа компании од цела Европа, вклучувајќи го германскиот телекомуникациски гигант Ти-Мобајл и британскиот синџир на супермаркети Теско.

Не се сите компании исти во скратување на правата на работниците, но има обвинувања за, на пример, притисок врз синдикатите да најмат замена на место на работниците кои се на штрајк:

Том Портеос е шеф на лондонската канцеларија на Хјуман Рајтс Воч:

„Тоа се активности кои се под меѓународните стандарди зад кои стојат компаниите. При нашето истражување пронајдовме дека од време на време, тие компании се вклучени во активности, кои би биле целосни неприфатливи и анатемисани, доколку се случат во Европа“, вели Портеос.

Од Теско беа недостапни за интервју со Гласот на Америка, но во писменото соопштение се вели дека сите обвинувања се „целосно невистинити“. Во соопштението се додава дека севкупниот персонал е ослободен од притисоци да се приклучува на синдикати. Слични соопштенија дојдоа и од други компании кои беа именувани во извештајот.

Портеос вели дека САД имаат слаби закони поради долгото одлагање и ниските казни за престапи. Ситуацијата која се развивала во неколку држави во Европа е различна:

Работниците всушност успеаја да постигнат право да се организираат, да стапуваат во штрајк. Но, кога станува збор за САД, правата на работниците се минимални.

Извештајот вели дека САД треба да ги направат законите за заштита на трудот поефикасни. Исто така се повикува на меѓународните тела одблизу да ги надгледуваат европските компании, кога го „селат“ бизнисот од другата страна на Атлантикот.

XS
SM
MD
LG