Линкови за пристапност

Нова агенција на ОН за правата на жените


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја именуваше поранешната претседателка на Чиле Мишел Башелет на чело со новата агенцијата на Светската организација за промовирање и заштита на правата на жените.

Во обраќањето по повод назначувањето, првиот човек на ОН ги пофали лидерските способности на Бачелет и рече дека таа “на оваа важна позиција носи историјат од динамично глобално лидерство, усовршени политички способности и уникатно чувство за креирање консензус и фокус меѓу агенциите на ОН и многуте партнери како во јавниот така и во приватниот сектор“. Бан Ки-мун е убеден дека под нејзиното лидерство ќе може да се унапредат животите на милиони жени и девојчиња ширум светот.

59-годишната Башелет е лекар по професија. Беше прва- жена претседател на Чиле, од 2006-та до неодамна.

За време на воениот удар во 1973-та, кога генералот Пиноче дојде на власт, била апсена, заттворана и малтретирана. Минала пет години во егзил пред да се врати во Чиле и да напредува во рамки на Социјалистичката партија.

Агенцијата на која ќе биде на чело е позната како Жените на ОН. Генералното собрание го одобри нејзиното формирање минатата година. За почеток, ќе има буџет од 500 милиони долари. Генералниот секретар на ОН рече дека создавањето на агенцијата бил еден од неговите приоритети откако станал генерален секретар.

Поранешната чилеанска претседателска била избрана меѓу 26 истакнати кандидати. Од јануари следната година, агенцијата треба да почне да работи со полна пареа.

XS
SM
MD
LG