Линкови за пристапност

Вил Фарел – комичар на годината


Вил Фарел – комичар на годината
Вил Фарел – комичар на годината

Ја доби престижната награда Марк Твен за американски хумор

Американскиот актер Вил Фарел е добитник на 14-тата годишна награда Марк Твен за американски хумор.

Фарел, кој стана особено популарен по толкувањето на претседателот Џоџ Буш во американското хумористично ТВ-шоу „Сатурдеј најт лајв“, ја прими наградата на церемонија во центарот Кенеди во Вашингтон.

Во 2009-та, Фарел го играше Буш во шоуто на Бродвеј - „Повелете и другпат, Америко: последна ноќ со Џорџ Буш -јуниор“, за што беше номиниран за наградата Тони за најдобра театарска изведба.

Меѓу претходните добитници на наградата се Бил Козби, Стив Мартин и Вупи Голдберг. Таа се доделува во чест на Марк Твејн – еден од најголемите американски хумористи и новелисти. Со неа се почестуваат хумористите кои имаат слично влијание врз американското општество како Твејн, познат по бескомпромисните погледи во однос на општествените неправди и бесмислиците за кои пишуваше пред повеќе од 100 години.

XS
SM
MD
LG