Властите во Охајо се во потрага по лавови, тигри, гепарди, мечки и волци кои избегале од фарма близу местото Зејнсвил.
Полицијата реагирала откако добила повик дека надвор од фармата слободно се движат опасни животни. Дел од животните ги нападнале полицајците, по што биле застрелани од нив. Шерифот Мет Лац соопшти дека биле убиени 30 од 48 животни. Полицијата, која заедно со стручни лица од зоолошката градина Колумбуд трага по преостанатите животни, има наредба да употреби смртоносна сила, но зависно од ситуацијата може да употреби и стрели за успивање.
Училиштата во областа се затворени. На патиштата се поставени знаци што повикуваат возачите да останат во автомобилите.
Полицијата соопшти дека сопственикот на фармата е пронајден мртов во близина на отворен кафез. Се` уште не е утврдена причината за неговата смрт. Од фармата на 62-годишниот Тери Томсон во кафезите единствено останале орангутаните и шимпанзата.