Линкови за пристапност

Џулијан Асанџ изведен пред суд


Џулијан Асанџ изведен пред суд
Џулијан Асанџ изведен пред суд

Асанџ е основач на страницата Викиликс која објави околу 250.000 тајни американски документи на интернет

Властите во Лондон го успасија основачот на Викиликс Џулијан Асанџ по потерница од Шведска.

Асанџ е баран од шведските власти по наводи за силување, сексуално злоставување и нелегална изнуда. Тој ги негира наводите.

Основачот на Викиликс е изведен пред суд во Лондон.

Асанџ е основач на страницата Викиликс која објави околу 250.000 тајни американски документи на интернет.

Претходно, неговиот адвокат рече дека неговиот клиент ќе се бори да не биде екстрадиран во Шведска, затоа што стравува дека може да им биде предаден на американските власти.

Спроти неговото апсење, страницата Викиликс објави тајни дипломатски документи во кои се вели дека НАТО разработувал планови за одбрана на балтичките држави по рускиот напад на Грузија во 2008-ма. Тајни планови за заштита на Естонија, Латвија и Литванија биле разработувани во седиштето на НАТО на иницијатива на САД и Германија.

Документите посочуваат на тензиите кои се` уште постојат меѓу поранешните непријатели од времето на Студената војна.

Друг важен елемент од објавените документи е обелоденетата листа на критични американски интереси што вклучува локации на произведувачи на вакцини во Европа, подводни врски , пристаништа и енергетски ресурси од Азија до Бразил.

XS
SM
MD
LG