Линкови за пристапност

Прво рочиште за осомничениот за Викиликс


Прво рочиште за осомничениот за Викиликс
Прво рочиште за осомничениот за Викиликс

Бредли Менинг пред воен суд одговара за протекувањето на доверливите информации

Прво појавување пред суд на американскиот војник Бредли Менинг, обвинет за протекување на доверливи и чувствителни информации на Интернет-порталот Викиликс.

Обвинителите на распитот во базата Форт Мид, сојузната држава Мериленд тврдат дека 23-годишниот поранешен разузнавачки аналитичар нелегално презел стотици илјади чувствителни документи додека служел во армиска база во близината на Багдад во периодот меѓу ноември 2009-та и мај 2010-та. Тој наводно ги споделил со Интернет-порталот Викиликс, каде почнаа да се објавуваат во јули 2010-та.

Меѓу протечените податоци има дипломатски преписки, армиски извештаи, видео-материјали од американски воздушни напади. Тие предизивикаа незадоволство во меѓународната заедница, напати нудејќи отворени и неповолни американски гледишта за јавните и приватни животи на светските водачи.

Американски официјални лица велат дека скандалот загрозил човечки животи и националната безбедност и ја отежнал соработката на САД со други држави.

Менинг е обвинет по неколку точки, меѓу кои и за „помагање на непријателот“, што важи за најтежок армиски престап. Обвинителите најавија дека нема да бараат смртна казна. Па сепак, Менинг може да го мине остатотокот од животот зад решетки, доколку судот го прогласи за виновен.

XS
SM
MD
LG