Линкови за пристапност

Наводниот напаѓач на Белата куќа обвинет за атентат врз Обама


Наводниот напаѓач на Белата куќа обвинет за атентат врз Обама
Наводниот напаѓач на Белата куќа обвинет за атентат врз Обама

Белата куќа погодена со два куршума од кои едниот погоди прозорец, но не го проби заштитното стакло.

21-годишниот Оскар Ортега-Хернандез, кој се товари дека минатата недела испукал куршуми кон Белата куќа, денес беше обвинет за обид на атентат на претседателот Барак Обама и неговите соработници.

Ортега-Хернандез се појави пред суд во Пенсилванија, каде беше уапсен во хотел откако некој ја препознал неговата фотографија што ја објави полицијата.

Обвинетиот, кој е родум од Охајо, ќе биде испратен во Вашингтон, каде ќе продолжи судскиот процес. Доколку биде осуден, може да добие доживотен затвор.

Според новинските извештаи, Ортега-Хернандез покажувал омраза и опсесивност во однос на Обама.

Тајната служба, која се грижи за безбедноста на претседателот и останати виши официјални лица, соопшти дека два куршума ја погодиле Белата куќа, од кои едниот скршил го скршил надворешно стакло на еден од прозорците, но бил запрен од заштитното стакло зад него.

Претседателот Обама и сопругата Мишел не биле во Белата куќа на 11-ти ноември кога се случил инцидентот. Тие се наоѓале во Калифорнија, на пат на Хаваите, каде Обама беше домаќин на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК).

Властите почнаа да трагаат по Ортега-Хернандез откако го поврзаа со напуштениот автомобил пронајден петокот во Вашингтон, а во кој имаше оружје. Ортега-Хернандез бил претходно уапсен неколкупати во три сојузни држави.

XS
SM
MD
LG