Линкови за пристапност

Средба Обама-Шариф во Белата куќа


Обид за нова страница во честопати напнатите односи Вашингтон - Исламабад

Американскиот претседател Барак Обама денес во Белата куќа е домаќин на пакистанскиот премиер Наваз Шариф, во обид да заврти нова страница во честопати напнатите односи Вашингтон - Исламабад.

Како знак на подобрување на американско-пакистанските односи, владата на Обама реши да одмрзне преку 300 милиони долари од блокираната безбедносна помош за Пакистан.

Односите меѓу двете земји го допреа дното по операцијата на американските специјални сили 2011-та, во која беше убиен Осама бин Ладен, како и по воздушните напади минатата година во кои загинаа десетина пакистански војници долж границата со Авганистан.

Пред средбата, порпаролот на Белата куќа Џеј Карни рече дека Обама планира да ја искористи средбата со Шариф за промовирање на „стабилен, безбеден и просперитетен Пакистан кој придонесува за регионалната и меѓународна безбедност и напредок“. На првата средба воопшто меѓу Обама и Шариф најверојатно ќе доминираат критични прашања како американските напади со беспилотни летала и наводната поддршка на Исламабад за Талибан.

Пакистан има потреба од поддршка од САД за економски и енергетски потреби, додека Вашингтон бара Исламабад да игра конструктивна улога во обидот да завладее мир во Авганистан, поради историски врски на Пакистан со Талибан.
XS
SM
MD
LG