Линкови за пристапност

Белата куќа по грешка објави име на агент на ЦИА


Пропустот се случил спроти посетата на претседателот Обама на Авганистан

Белата куќа по грешка објави име на виш агент на ЦИА во Авганистан, во време кога претседателот Барак Обама беше на претходно необјавена посета на земјата.

Вашингтон пост објави дека главниот оперативец на ЦИА во земјата бил на листата на американските официјални лица од Белата куќа што била дадена на еден од репортерите кој, пак, требал да им достави детали за претстојното патување на претседателот на другите новински организации.

Листата била сочинета од имиња на официјални лица кои биле на брифингот со претседателот Обама, вклучувајќи ја советничката за национална безбедност Сузан Рајс, командантот на американските сили во Авганистан, генералот Џозеф Данфорд и американскиот амбасадор во Авганистан, Џејмс Канингам.

Весникот пренесе дека новинарот ја контактирал Белата куќа за да праша дали главниот шеф на ЦИА требало да биде на листата и кусо време подоцна нова листа без името била испратена до медиумите.
XS
SM
MD
LG