Линкови за пристапност

Обама избира нов економски советник


Обама избира нов економски советник
Обама избира нов економски советник

Сперлинг првите две години од мандатот на Обама беше советник на секретарот за финансии Тимоти Гајтнер

Претседателот Барак Обама ќе го именува Џин Сперлинг за нов директор на Националниот економски совет, наведуваат извори во Белата куќа.

Сперлинг, кој беше на чело на Советот за време на владата на поранешниот претседател Бил Клинтон, ќе го наследи на функцијата Лоренс Самерс, уште еден клучен економски функционер од времето на Клинтон.

Сперлинг првите две години од мандатот на Обама беше советник на секретарот за финансии Тимоти Гајтнер. Првиот човек на Националниот економски совет ја надгледува економската политика на владата.

Обама ќе ја објави одлуката денес, за време на посетата на компанија - производител на прозорци во близина на Вашингтон, само неколку часа откако ќе бидат објавени статистичките податоци за невработеноста во месец декември.

Назначувањето на Сперлинг е најновата поголема промена во владата на Обама откако републиканците добија мнозинство во Претставничкиот дом на конгресните избори минатиот ноември. Промените се дел и од планирањето за евентуален реизбор на Обама во 2012-та.

Вчера, Обама го именуваше Вилијам Дејли, уште еден поранешен член на администрацијата на Клинтон, за нов шеф на Кабинетот на Белата куќа, на местото на Рем Емануаел.

XS
SM
MD
LG