Линкови за пристапност

Македонија на 29-то место според Индексот на основна профитабилност


Во анализата на економистот Роберт Алтман, објавена во магазинот Форин полиси

Каде е најдобро да се инвестира во светот? Со ваков привлечен наслов, авторот Даниел Алтман, во прилог во Интернет-изданието на магазинот Форин полиси, се обидува да даде одговор, анализирајќи ги геополитичките и финансиски ризици.

Овој професор по економија на Школата за бизнис Стерн при Унивезитетот на Њујорк, веќе втора година по ред го презентира Индексот на основна профитабилност (БРИ), во кој се води од осум фактори: економски растеж, финансиска стабилност, физичка безбедност, корупција, владина експропријација, експлоатиција од локалните партнери, контрола на капиталот и курсната разлика. Алтман во прилогот прави проценка - кои од горенаведените фактори се одразуваат врз инвестициите, и колку може да чини таквиот ефект?
​Индексот се темели на податоци од повеќе извештаи: Дуинг бизнис на Светската банка, извештајот за глобална компетитивност на Светскиот економски форум, потоа рангирања од Стандард енд Пурс и Транспаренси Интернешенал... Годинава, меѓу изворите е и Индексот за економска слобода на Фондацијата Херитиџ.

На првото место на Индексот за основна профитабилност се наоѓа Боцвана со износ од 1,31, проценет според според растежот на капиталот, задржувањето на вредноста и повратокот на добивката. На последното, 112-ро место се наоѓа Венецуела со 0,63.

Во последните 12 месеци, наведува Алтман, дошло до промени во глобалната инвестициона слика. Наведува дека некои економиии застанале на нозе, особено во Европа, додека други земји биле вовлечени во конфликти. Според него, неколкумина ги подобриле економските институции, како соседите Грција, Македонија и Турција, каде вели дека е регистрирана зајакната правна заштита за инвеститорите.

Овој аналитичар ја рангира Македонија на 29-тото место со севкупна оценка од 1,05. Земјата лани била на 34-тото место.

Од поблиското соседство, Бугарија е на 28-мо место со 1,05 Албанија на 53-то со 0,99, Србија на 55-то со 0,99, Босна и Херцеговина на 82-ро со 0,94 и Грција на 101-во со 0,89.

САД се рангирани на 26-тото место со 1,05.
XS
SM
MD
LG