Линкови за пристапност

ИСИЛ и безбедноста на Западен Балкан


Дискусија во Конгресот во организација на невладиното Советодавно тело на Босна и Херцеговина, Институтот за демократии во развој, и Обединетата македонска дијаспора

Опасноста од екстремизмот е глобална закана. Според проценките на говорниците на дебатата, од Балканот се регрутирани меѓу 200 и 600 странски борци коишто војуваат во редовите на милитантите од Исламската држава. На настанот во Конгресот беше изразена загриженост за реинтеграцијата на странските борци по враќањето назад, во своите земји. Северен Ирак и Сирија се најчести дестинации за странските борци, оцени амбасадорот Томас Крајески, виш советник во Стејт департментот:

Проценуваме дека околу 22.000 странци патувале за Ирак и Сирија да им се приклучат на милитантите. Тие се држјанини од повеќе од 100 земји. 3700 се од западните земји – како од ЕУ, САД, Канада, вклучувајќи го и Балканот“, изјави Крајески.

Според него, веќе е формирана ефикасна мултинационална коалиција од 53 држави кои се борат против милитантите од ИСИЛ, но и за спречување на каналите на нивно финансирање и поддршка:

„Верувам дека ИСИЛ на крајот ќе биде истиснат од Северен Ирак и се надевам дека ќе се најде решение за Сирија, со што ќе се елиминира нивното влијание. Тогаш, тоа нема да биде толку привлечно место за странските борци. Нема да постои калифат“, изјави американскиот амбасадор.

Аналитичарите сметаат дека најголем ефект во спречувањето на врбување на странски борци од Исламската држава е преку споделување на информации меѓу пограничните служби, како и зајакнување на проверката на идентитетот на патниците по аеродромите.

XS
SM
MD
LG