Линкови за пристапност

Временски неприлики на двата брега во САД


Временски неприлики на двата брега во САД
Временски неприлики на двата брега во САД

За Јужна Клифорнија важи предупредување од силни ветришта и се очекуваат нови врнежи на дожд

Властите во американската сојузна држава Калифорнија се справуваат со еден од досега најдождливите декемвриски месеци откако се водат записи за временската прогноза. Тие и натаму стравуваат од долгорочни ефекти од дождот, како што е лизгање на земјиштето.

За Јужна Клифорнија важи предупредување од силни ветришта и се очекуваат нови врнежи на дожд. Лос Анџелес тајмс јави дека во регионот паднале 36 сантиметри дожд во изминатите две недели. Влажното земјиште може да предизивика лизгања и одрони.

Неодамнешните поплави во Јужна Калифорнија беа причина за затворање на неколку главни автопатишта.

Во меѓувреме, властите во Њујорк, на источниот дел од САД, спроведуваат истрага зошто одговорните служни исклучително бавно реагираа на снежното невреме минатиот викенд. Голем број улици и денес се нерасчистени, и покрај ветувањата од градските власти.

XS
SM
MD
LG