Кина најави дека армиската соработка со САД, вклучувајќи ги и посетите на високо ниво и заедничките маневри, ќе претрпат последици поради потегот на Вашингтон да ги осовремени тајванските воздухопловни сили.
Пекинг повеќекратно го осуди договорот вреден 5,85 милијарди долари со кој Тајван доби американски борбени авиони од типот Ф-16. Кинеското Министерство за одбрана денес предупреди на „директни последици“.
Во одвоена реакција, кинеското Министерство за надворешни работи го обвини Вашингтон дека се меша во внатрешните работи на Кина и го повтори повикот да прекине да продава оружје на Тајван.
Кина го смета Тајван за бунтовничка покраина и се има закането со евентуална употреба на армиска сила доколку островот и официјално објави независност.
Адмиралот Роберт Вилард, кој командува со американските сили на Пацификот, вчера изјави дека пакетот оружје нема да го наруши соодносот на силите во Тајванскиот Теснец, како и дека Кина и натаму ќе има армиска предност во регионот. Тој воедно изрази сомневање дека случајот ќе има некакво подолгорочно влијание на растечките односи меѓу армиите на САД и Кина.