Линкови за пристапност

Вулканската пепел повторно принуди откажување летови во делови од Европа


Во Северна Ирска, Шкотска и Англија, некои аеродроми се целосно затворени

Авио-сообраќајот во британскиот воздушен простор, како и во неколку соседни области, повторно е зафатен со вулканската пепел која доаѓа од Исланд.

Во Северна Ирска, Шкотска и Англија, некои аеродроми се целосно затворени. И во Ирска, како и во Холандија има некои затварања.

По искуството со шест-дневното затварање на воздушниот простор минатиот месец, регулаторите на авионските компании и авио-индустријата сега повнимателно анализираат во лоцирањето и облакот и негово влијание.

Британскиот министер за транспорт Филип Хамонд вели дека сите страни учат како е најдобро да се справат со потенцијалната закана, која може повторно да се јави во следните месеци: „Официјални лица минатата ноќ заедно со цивилните власти и производителите на авионските мотори се обидоа да постигнат консензус за повисоко ниво на летање и зајакнати инспекции на леталата, кои ќе им овозможат на патничките авиони да летаат кус временски период преку вулканска пепел во облаците, но и да имаат задолжителни проверки со цел да нема компромис со безбеднста на патниците“

Британската служба за контрола на воздушниот сообраќај јави дека внимателно ја следи големината и густината на облакот од вулканска пепел. Директорот за операции Иан Хал вели дека обликот и локацијата се менуваат од час во час:

„Пепелта, која од Исланд доаѓа на британските острови, практично зафаќа две области; една околу шкотските аеродроми и друга која се протега јужно од Лондон веднаш до аеродромот Хитроу, каде слетуваат по 30 наместо по 42 авиони на час, но и се наоѓа близу до аеродромот Гетвик, каде авионите може да полетаат, но не и да слетаат“ вели Хал.

Во понеделникот, повеќето аеродроми повторно беа отворени и овозможија барем некои авиони да полетаат. Но, патниците се фрустрирани. Некои велат дека информациите од авионските компании не се комплетни.

Метеоролозите предвидуваат понатамошни одлагања и откажувања на летови уште еден ден, но ветриштата се очекува да ја растурат вулканската пепел во Северна Европа во среда.

Кога ќе мине облакот од вулканска пепел, патниците ги очекува нова главоболка, како да стигнат на нивните дестинации со пребукираните авионските компании.

Да бидат работите уште покоплицирани, посадите од авионите на Бритиш Ерлајнс планираат повторно да стапат во пет-дневен штрајк со интензирање спорот со менаџментот на компанијата.

XS
SM
MD
LG