Поранешниот виш менаџер во германскиот автогигант Фолксваген е на пат кон затвор да одлежи седумгодишна казна затвор за неговата улога во поврзаност со лажирање на тестовите за емисија на гасови и изигрување на довербата на муштериите.
Федерален судија во Мичиген го осуди Оливер Шмид и го казни со 400.000 долари парична казна.
Тој призна дека знаел за фалинката и се согласил со инженерите да инсталираат направа која привремено ќе ја „сокрие“ емисијата на гасови од автомобилите.
Федералниот судови во САД му наредија на Фолксваген да одвои повеќе од една милијарда долари за поправка на одредени модели на возила.
Facebook Forum