Линкови за пристапност

Клинтон одбележа годишнина од американско-виетнамските односи


Клинтон во Ханој учествуваше на церемонија по повод 15-годишнината од воспоставувањето официјални односи меѓу САД и Виетнам

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изврши притисок врз Виетнам за учинокот во однос на човековите права, истовремено нудејќи американска помош за справување со последиците на Портокаловиот агенс од Виетнамската војна.

Клинтон во Ханој учествуваше на церемонија по повод 15-годишнината од воспоставувањето официјални односи меѓу САД и Виетнам.

На заедничката прес-конференција со виетнамскиот колега Пам Гиа Кием, Клинтон изјави дека Виетнам е на пат да стане извонредна нација со бескраен потенцијал.

Меѓутоа, под притисок на организациите за човекови права и американски законодавци, таа изрази загриженост за апсењето и пресудите против мирни неистомисленици во Виетнам, како и за нападите врз верски групи и спречувањето на слободата на Интернет.

Клинтон истовремено вети поголеми американски напори за помош на Виетнам во чистење на Портокаловиот агенс, хербицид што американската армија го употребуваше за време на Виетнамската војна. Токсичната материја диоксин што се содржи во агенсот е поврана со појавата на рак, дефекти при раѓање и други болести.

Виетнам тврди дека најмалку 4 милиони жители биле изложени на хербицидот. Најмалку 3 милиони заболеле поради тоа. Заедничка американско-виетнамска комисија препорача Вашингтон да обезбеди по 30 милиони долари годишно во 10-годишната акција на чистење.

XS
SM
MD
LG