Линкови за пристапност

Програма за воени ветерани да најдат работа


Програма за воени ветерани да најдат работа
Програма за воени ветерани да најдат работа

Неколку нови програми на администрацијата се однесуваат на ветераните во нов обид да се поттикне економијата

Администрацијата на претседателот Обама најави лансирање на неколку програми кои може да им помогнат на воените ветерани да најдат работа во време кога претседателот на САД се обидува да покаже дека е сериозен во намерите за отварање работни места во турнејата која е и кампања за негов реизбор што го води низ три сојузни држави од западниот дел на САД.

Белата куќа најави дека планира здравствените центри да најмат 8000 армиски медицински лица во следните три години и дека ќе побара од центрите да известуваат колку ветерани бараат работа. Понатаму, федералните агенции ќе се обидат да ги поврзат ветераните со здравствените клиники каде има отворени работни места.

Во друга програма, пак, администрацијата на Обама рече дека ќе ги прошири можностите за армиските медицински лица да станат помошници на лекарите преку обезбедување грантови до универзитетите кои ќе помогнат во обука на ветераните за такви професии.

Програмите особено добиваат во важност со фактот што стотици војници до крајот на годината ќе се вратат дома кога истекува рокот за повлекување од Ирак. Тие ќе се вратат во земја со забавена економија и сиромашен пазар на труд со стапка на невработеност над девет проценти во поголем дел од земјата.

Обама најави неколку извршни мерки изминатите денови за заживување на економијата. Републиканците го блокираа неговиот предлог-пакет за отварање работни места на почетокот од месецот. Топј сега бара други начини за поттикнување на економијата и помагање на Американците.

XS
SM
MD
LG