Линкови за пристапност

„Концерт за храброст“ за Денот на воените ветерани во САД


Денот на ветераните во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

Денот на ветераните во САД

Замислен да го сврти вниманието на проблемите на војниците кога ќе се вратат дома и ќе завршат со службата

Бесплатниот концерт во Вашингтон, емитуван на ТВ низ цел свет, беше врвот на празнувањето на вчерашниот Ден на воените ветерани во САД.

Стотици илјади луѓе, насобрани на Националното шеталиште, го проследија „Концертот за храброст“, прв од ваков вид, на којшто настапија славни музичари од различни правци како Брус Спрингстин, Ријана, Кери Андервуд и Еминем. Идејата на концертот беше да го сврти вниманието на проблемите на војниците кога ќе се вратат дома и ќе завршат со службата.

Претходно, на церемонија на Националните гробишта Арлингтон, потпретседателот Џо Бајден кажа дека секоја генерација на американски воени ветерани била најдобрата што земјата можела да ја понуди.

„Вие не сте само срцето и душата, туку и `рбетот на оваа нација. Како нација, денес искажуваме благодарност на преку 23 милиони преживеани воени ветерани коишто така храбро и верно ја штитеа нашата слобода“, рече Бајден.

Денот на воените ветерани во САД за првпат беше одбележан во 1919-та, по повод крајот на Првата светска војна на 11-ти ноември 1918-та.

XS
SM
MD
LG