Линкови за пристапност

Иран му забрани на режисер да присуствува на фестивалот во Венеција


Иран му забрани на режисер да присуствува на фестивалот во Венеција
Иран му забрани на режисер да присуствува на фестивалот во Венеција

Панахи рече дека кога на режисер не му дозволуваат да снима филмови, тоа е како да го ставаат во состојба на ментален затвор

67-мото издание на венецискиот филмски фестивал беше отворено со специјален гостин - иранскиот режисер Џафар Панахи.

Неговиот кус филм "The Accordion" ќе има премиера на фестивалот. Во соопштението до фестивалот во Венеција, тој рече дека иранските власти, му го одзеле пасошот и му забраниле да снима филмови во следните пет години.

Панахи рече дека кога на режисер не му дозволуваат да снима филмови, тоа е како да го ставаат во состојба на ментален затвор.

На Панахи не му беше дозволено да патува за филмскиот фестивал во Кан, Франција, каде требаше да биде член на жирото.

Фестивалот во Венеција, едно од најпрестижните филмски настани, беше отворен со филмот "Black Swan" на режисерот Дарен Аронофски, за притисокот да се биде танчер во њујоршкиот балет.

Повеќе од 20 филмови од ширум светот се натпреваруваат за првата награда – Златниот лав.

XS
SM
MD
LG