Линкови за пристапност

Кардиналите се собираат во Ватикан


Датумот на затворената седница на која ќе биде избран новиот папа ќе биде соопштен по пристигнувањето на сите кардинали во Рим.

Кардиналите од Римокатоличката црква почнаа со подготовките за претстојните советувања за избор на наследник на папата Бенедикт.

Кардиналите пристигнуваат во Ватикан за одржување на првата рунда дискусии со цел одредување датум за тајната седница, како и идентификување на потенцијалните кандидати за поглавар на Римокатоличката црква.

Тајната седница се очекува да почне следната недела, но деканот на Колеџот на кардинали, Анџело Тодано, вели дека точниот датум нема да биде одреден се` додека сите кардинали не пристигнат во Рим.

Организирањето на средбата на највисоко ниво на Црквата ја засени веста за уште еден скандал со сексуално злоставување меѓу свештенството, овој пат имплицирајќи го поранешниот британски свештеник Кит О`Браен. О`Браен поднесе оставка на функцијата минатата недела откако беа обелоденети обвинувања за учество во недозволени акти со четворица свештеници во 1980-тите.

Иако првично ги негираше обвинувањата, тој потоа издаде соопштение со кое призна дека неговите сексуални акти биле под стандардите кои се очекуваат за член на свештенството.
XS
SM
MD
LG