Линкови за пристапност

САД на кошаркарскиот врв


САД светски шампиони во кошарка
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:10 0:00

САД светски шампиони во кошарка

Во финалето на Светското првенство ја совладаа Србија со 37 поени разлика

Подмладената селекција на САД, составена од играчи од НБА, ја декласираше репрезентацијата на Србија во финалето на Светското првенство во Мадрид со резултат 129-92.

Ова е првпат Американците едноподруго да освојат светско првенство.

22-годишниот бек на Кливленд кавалирс, Кајри Ирвинг, ги предводеше САД со 26 поени, од коишто шест тројки во исто толку обиди. Тој ја доби титулата најкорисен играч на натпреварот.

Освоеното прво место автоматски ја испраќа селекцијата на САД на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016-та.

И покрај тоа што неколку ѕвезди од НБА, како Кевин Дурант, Блејк Грифин и Кевин Лав непосредно пред почетокот на Светското првенство го откажаа учеството, САД беа доминантни на двонеделниот турнир на кој настапија 24 репрезентации. Во девет натпревари, Американците победија во просек со 33 поени разлика по натпревар.

Во мечот за бронзениот медал, Франција во тесен натпревар ја порази Литванија со 95-93.

XS
SM
MD
LG