Американскиот трговски дефицит порасна за речиси четири проценти во декември, во време кога заживеаната економија ја зголеми потребата за увозни добра.
Иако увозот и извозот постигнаа рекордно ниво, увоз во САД е поголем од извозот. Денешниот извештај на Одделот за трговија покажа дека јазот меѓу она што странците го продаваат во САД и она што Американците го извезуваат во странство се зголемил изнесува 48,8 милијарди долари месецов.
Севкупно за 2011-та, трговскиот дефицит за зголемил за 11, 6% на вкупно 558 милијарди долари, што е најлош биланс од 2008-ма.
Трговскиот јаз со Кина годинава е на највисоко ниво од речиси 296 милијарди долари.
Една причина за нараснатиот трговски дефицит се зголемените трошоци за увоз на нафта во САД. Истражување на Унниверзитетот во Мичиген покажа дека растечките цени на бензинот на почетокот на февруари го зголемиле песимизмот на потрошувачите.