Линкови за пристапност

Осуетен напад врз средно училиште во САД


Осуетен напад врз средно училиште во САД
Осуетен напад врз средно училиште во САД

Протеран ученик од Тампа, Флорида наводно планирал масакр на првиот училишен ден

Полицијата во Флорида уапси протеран ученик откако спречила, како што наведува самата, потенцијално катастрофален план да постави бомба во неговото поранешно средно училиште.

Командирката на полицијата во Тампа Џејн Кастор изјави дека евентуалниот резултат на нападот би бил нешто што градот Тампа досега го нема видено, ниту пак ќе го види.

Тој информираше дека осомничениот, 17-годишниот Џеред Кејно бил уапсен во вторникот додека планирал да изврши напад на првиот училишен ден во средното училиште Фридом.

Кејно наводно се надевал дека ќе предизвика повеќе жртви отколку во нападот во 1999-та во средното училиште Колумбајн во сојузната држава Колорадо, каде двајца ученици убија 12 соученици и учител, во еден од најкрвавите училишни инциденти во историјата на САД. Обајцата ученици од тој напад извршија самоубиство.

Полицијата го уапсила Кејно откако добиле анонимна информација. При претресот на неговиот дом нашле материјал за правење бомба, мапа со училниците во училиштето и негов исказ во кој ја наведува намерата да изврши напад.

Кејно и претходно бил апсен врз основа на обвиненија за провални кражби и нелегално носење на оружје.

XS
SM
MD
LG