Линкови за пристапност

Рикер бара да не се играат „бесмислени игри“ и да се мисли на просперитетна иднина


Рикер бара да не се играат „бесмислени игри“ и да се мисли на просперитетна иднина
Рикер бара да не се играат „бесмислени игри“ и да се мисли на просперитетна иднина

Амбасадорот на САД во Македонија е оптимист дека до завршувањето на неговиот мандат во Скопје, до лето, на заедничка маса со останатите лидери ќе го види и првиот човек на опозициската Демократска партија на Албанците, Мендух Тачи

Соединетите американски држави се надеваат дека средбата на лидерите на двете највлијателни партии во Македонија ќе донесе излез од политичката криза. Амбасадорот Филип Рикер смета дека средбата на лидерите на владејачката ВМРО- ДПМНЕ и на опозицискиот СДСМ Никола Груевски во вторник е дел од политичкиот дијалог, важен за секоја земја.

„Уверени сме дека во име на граѓаните на Македонија лидерите на земјата и на политичките партии ќе можат да одговорат на различните актуелни и на идните предизвици. А од нив зависи дали ќе изнајдат решение за кризата“, изјави американскиот дипломат.

Рикер кажа дека е оптимист дека до завршувањето на неговиот мандат во Скопје, до лето, на заедничка маса со останатите лидери ќе го види и првиот човек на опозициската Демократска партија на Албанците, Мендух Тачи, кој подолго време е надвор од политичкиот дијалог во земјата и ги бојкотира сите лидерски средби.

Нападите што на негова адреса и на адреса на сега екс-евроамбасадорот Ерван Фуере беа упатени од страна на дипломатот и поранешен челн на Советот за меѓународни односи на македонскиот претседател, Ристо Никовски, оквалификувајќи ги како непријатели на Македонија, амбасадорот Рикер ги нарече „бесмислени игри“:

„Многу е поинтерсно да се зборува за работи како оваа денеска, за обезбедувањето пет милиони долари помош и поддршка за Македонија, која има за цел отворање до 500 нови работни места. Ова е она за што треба да се однесува пријателството и соработката отколку да се играат „бесмислени игри“. Продолжуваме да работиме на она што ќе ни помогне да ги оствариме целите кои ги имаат македонските граѓани, а тоа е попросперитетна земја, попросперитетен регион и САД имаат намера да помогнат во таа насока“, истакна тој.

Филип Рикер учествуваше на промоција на грантови од УСАИД за невладини организации кои спроведуваат проекти за поддршка на микропретприемништвото и енергетската ефикасност во Македонија.

САД во 2004 година ја призна Македонија под уставното име. Откако на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008, Македонија поради грчкото вето не стана дел од Алијансата, беше потпишан Договор за стратешко партнерство меѓу САД и Македонија.

XS
SM
MD
LG