Линкови за пристапност

 
Продолжуваат протестите во САД против полициските интервенции во коишто настрадаа црнци

Продолжуваат протестите во САД против полициските интервенции во коишто настрадаа црнци


Продолжуваат протестите ширум САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Продолжуваат протестите ширум САД

Блокирани улици во повеќе градови; поддршка даде и суперѕвездата на НБА Леброн Џејмс

И понеделникот навечер продолжија протестите во голем број на градови во САД поради неодамнешните две одвоени одлуки на големите пороти да не бидат покренати обвиненија против полицајци - белци за интервенции во коишто загинаа невооружени лица - црнци.

Демонстрантите во Њујорк ги блокираа улиците пред спортската арена Барклис кадешто се играше натпреварот од НБА меѓу Кливленд кавалирс и Бруклин нетс. Тие ги скандираа последните зборови на Ерик Гарнер: „Не можам да дишам“. Овој 43-годишник почина од задушување во јули годинава во Њујорк, откако полицаецот Даниел Панталео го држеше со рака околу вратот додека со неколку колеги се обидуваше да го совлада на земја и да го уапси.

Во центарот Барклис, суперѕвездата Леброн Џејмс и други играчи на загревањето носеа маица со истите зборови.

Во Беркли, Калифорнија, демонстрантите кусо време го блокираа главниот автопат и железничката станица.

Протестите претходната ноќ во Беркли се претворија во насилни кога демонстрантите започнаа да кршат излози и да ограбуваат продавници, по што полицијата употреби солзавец.

XS
SM
MD
LG