Линкови за пристапност

Санторум на кампања во Тексас по тројната победа


Санторум на кампања во Тексас по тројната победа
Санторум на кампања во Тексас по тројната победа

Мит Ромни на потег – дали ќе ја обезбеди конзервативната база на Републиканската партија за да остане фаворит?

Републиканскиот претендент за претседателските избори Рик Санторум е на кампања во Тексас, еден ден откако победи на прелиминарните избори во Колорадо, Миесота и Мисури.

Поранешниот сенатор од Пенсилванија реши да го искористи импулсот од тројната победа и да побара, и јавна поддршка, и финансиски средства за кампањата во оваа сојузна држава што аналитичарите ја сметаат за една од најважните во прелиминарните избори.

Победата на Санторум, кој самиот се опишува како вистинската конзервативна алтернатива, ги илустрира проблемите на досегашниот фаворит, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, да ја обезбеди поддршката на конзервативната база на Републиканската партија. Иако заврши на трето место во Минесота, зад тексашкиот конгресмен Рон Пол, Ромни најавува дека на крајот ќе биде републиканскиот кандидат за претседател кој ќе му се спротистави на Обама на изборите во ноември.

Поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич, кој на времето важеше за главен конкурент на Ромни, заврши на трето место во Колорадо, а на последно во Минесота.

XS
SM
MD
LG