Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни оваа недела фокусот во својата кампања го враќа на економијата и други прашања од внатрешната политика, што започнува со говор за состојбата со имиграцијата.
Ромни ќе се обрати пред присутните на средбата на Американско-хиспанската стопанска комора на Лос Анџелес. Ромни сака да ја убеди оваа група избирачи дека ќе работи со Конгресот за усвојување на „праведни имиграциони закони“. Ромни го обвинува претседателот Обама за неуспехот да го спроведе ветеното во сферата на имиграцијата по претседателската кампања во 2008-ма.
Од спротивниот табор, претседателот Барак Обама ќе објави дека неговата администрација ќе поднесе трговска тужба против Кина поради владината поддршка на тамошната автоиндустрија. Охајо е најголема база на производствениот автомобилски сектор, и многумина ја обвинуваат Кина за одлив на работни места на оваа индустрија.