Линкови за пристапност

Илјадници полицајци на закопот на колега од Њујорк


Полицаецот Венџиан Лиу беше убиен во патролна кола заедно со негов колега Рафаел Рамос

Илјадници полицајци и ожалостени од сите делови на САД се собраа во неделата во Њујорк да му оддадат последна почит на полицаецот Венџан Ли, кој што беше застрелан минатиот месец.

Ли и неговиот партнер Рафаел Рамос беа застрелани во нивниот полициски автомобил на крајот на декември.

Убиецот Исмаил Бринсли, се застрела самиот во блиската станица на подземната железница. Тој претходно постирал антиполициски пораки на социјалните медиуми и најавил одмазда за смртта на Мајк Браун во Мисури и Ерик Гарнер во Њујорк, обајцата невооружени црнци кои умреле при конфронтација со бели полицајци.

Одлуките на Големата порота да не покренат обвиненија против полицајците во случаите со Браун и Гарнер доведоа до масовни протести низ САД против агресивниот полицискиот третман на луѓе кои не се бели.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио на погребот на полицаецот Ли рече дека сега е време градот да ги залечи раните:

„Њујорк од самото формирање е еден од најтолерантните градови, место каде живеат во хармонија луѓе со најразлични етнички потекла и раси. Ајде да се определиме на враќање на традицијата на Њујорк за взаемно разбирање и живот во хармонија“, порача првиот човек на Њујорк.

Некои полицајци кои го гледаа погребот на големи екрани кај погребалниот дом му го завртеа грбот на Блазио додека зборуваше, во знак на лутина спрема градоначалникот, како што беше и при погребот на полицаецот Рамос.

Во саботата, њујоршкиот полициски комесар Вилијам Братон, преку меморандум до полицајците рече дека не сака да учествуват во било какви политички пораки за време на погребот на Ли. Тој додаде дека „погребот на херојот е време за тагување, а не изразување негодување“.

XS
SM
MD
LG