Линкови за пристапност

ФБИ уапси преку 100 во акција против мафијата

ФБИ уапси преку 100 во акција против мафијата
ФБИ уапси преку 100 во акција против мафијата

Американскиот главен обвинител Ерик Холдер на прес-конференција во Бруклин рече дека апсењата се случиле утринава

Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) уапсиле над 100 членови на мафијата и нивни соработници во најголемата еднодневна операција во историјата на Бирото.

Американскиот главен обвинител Ерик Холдер на прес-конференција во Бруклин рече дека апсењата се случиле утринава. Лицата биле уапсени во Њујорк, Њу Џерси и Роуд Ајленд за трговија со дрога, изнудувања и убиства.

Холдер рече дека агентите уапсиле членови на сите пет италијанско-американски групи на организиран криминал во Њујорк, а едно лице е приведено во Италија. Таканаречените „пет семејства“ во Њујорк се познати како Ла Коза Ностра и се поврзани со сицилијанската мафија.

This item is part of
XS
SM
MD
LG