Линкови за пристапност

Рикер: спорот со името може да биде решен годинава


Рикер: спорот со името може да биде решен годинава
Рикер: спорот со името може да биде решен годинава

Рикер наведе дека постојано слуша од луѓето во Македонија дека сакаат проблемот да биде решен, да се појде напред и земјата да стане членка на НАТО и ЕУ поради поволностите што тоа ќе ги донесе за сегашните и наредните генерации.

Американскиот амбасадор во Република Македонија Филип Рикер вторникот изрази уверување дека наскоро би можел да се реши спорот околу името.

„Веруваме дека и Македонија, и Грција се способни тоа да го направат и постои можност тоа да се постигне брзо. Како што имам кажано повеќепати досега, за тоа се потребни волја, напор, креативност и храброст“, рече Рикер.

За време на посетата на компанијата за производство на електронски печатени плочи „Хај тек“ во Орешани, во близината на Скопје, Рикер направи паралела меѓу компаниите од високата технологија и НАТО и ЕУ, од аспект дека реагираат брзо на ситуацијата на пазарот и отвораат можности.

„Станува збор за безбедност, просперитет. Сега е 21 век и крајно време е да одиме напред“, рече првиот човек на САД во Македонија.

Рикер наведе дека постојано слуша од луѓето во Македонија дека сакаат проблемот да биде решен, да се појде напред и земјата да стане членка на НАТО и ЕУ поради поволностите што тоа ќе ги донесе за сегашните и наредните генерации.

„Верувам дека тоа може да се случи годинава, и секако дека е тоа нешто на кое ние работиме заедно, што САД го поддржуваат и што е нашата цел за Македонија“, кажа Рикер.

XS
SM
MD
LG