Линкови за пристапност

Уапсени 2.900 илегални имигранти


Уапсени 2.900 илегални имигранти
Уапсени 2.900 илегални имигранти

Сите претходно биле осудени за злосторства и криминал

Американските власти уапсија 2.900 илегални имигранти - сите претходно осудени за злосторства и криминал - во седумдневна акција ширум земјата.

Агенцијата за имиграција и царина (ИЦЕ) денес соопшти дека операцијата е најголема од ваков вид досега, како и дека биле уапсени лица во сите 50 сојузни држави и во американските територии.

Апсењата уследија еден месец откако секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано најави дека вниманието ќе биде насочено на депортирање на криминалците и сериозните прекршители на имиграционите закони.

Над 1.200 од уапсените биле повеќепати осудени, додека над 1.600 извршиле убиство, обид за убиство, грабнување, сексуално злосторство против малолетници, трговија со дрога или вооружен грабеж.

Операцијата под името „Крос-чек“ е најновата во серијата слични акции од 2009-тата - наваму, во кои вкупно беа уапсени над 4.500 осудени илегални имигранти.

Според проценките, во САД живеат 11 милиони илегални имигранти.

Директорот на ИЦЕ Џон Мортон изјави дека најновата операција ја покажува решеноста на владата на Обама да ги уапси и отстрани илегалните имигранти кои претходно биле осудени за злосторства и криминал.

XS
SM
MD
LG