Области од северочните делови на САД се погодени од рекордно високи температури. Националната метеоролошка служба издаде предупредувања и совети за справување со топлиот бран за Вашингтон, Њујорк, Филадефија и Бостон заедно со уште некои области околу големите градови. Метеоролозите предупредуваат дека температурите ќе достигнат до 37-от степен и се очекува топлото време да продолжи во текот на неделата.
Националната метеоролошка служба ги повика жителите да пијат течности, да избегнуваат подолг престој на отворено и да бидат во климатизирани простории за време на најтоплиот дел од денот.
Експертите велат дека ризикот по здравје и живот е најголем за постарите лица и за децата.
Се очекува во регионот да се зголеми потребата за електрична енергија затоа што голем дел од населението се враќа на работа по неколкудневниот одмор по повод 4-ти јули – Денот на независноста во САД.