Линкови за пристапност

Американската влада разочарана поради откажувањето на СЕЕЦП во Охрид


Ја нагласува потребата од соработка и дијалог меѓу земјите во регионот

Иако не се членка или учесник, САД ги поддржуваат идеалите и целите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП) и со разочарување реагираа на веста за откажувањето на охридскиот Самит на Процесот.

Според претставник на Стејт департментот, македонскиот претседател Иванов и неговиот кабинет напорно работеле за да организираат продуктивен и позитивен самит и е за жалење што водачите во регионот ќе ја загубат оваа шанса да дискутираат за предизвиците со кои сите тие се соочуваат. Американската влада смета дека идеалите на соработка и дијалог се од критична важност за безбедоста, стабилноста и просперитетот, и на секоја земја поединечно, и на Балканот во целина, и се надева дека средбата на министрите за надворешни работи ќе биде продуктивна.
XS
SM
MD
LG