Линкови за пристапност

Демократите презедоа уште едно место во Конгресот


Како што се добројуваат гласовите од минатонеделните делумни избори во САД, така демократите продолжуваат да освојуваат места во американскиот Конгрес.

Енди Ким е новиот конгресмен што ќе седне во Претставничкиот дом на страна на демократите. Тој прогласи победа во третиот конгресен дистрикт во Њу Џерси. Негов опонент беше републиканецот Том Мекартур.

Во администрацијата на Обама, Ким беше помошник за национална безбедност. Тој има корејско потекло и ќе биде првиот азиско-американски конгресмен од Њу Џерси.

Во меѓувреме продолжува броењето на гласовите од делумните избори, како за кандидатите за Претставничкиот дом, така и за Сенатот.

Со пребројувањето на гласовите, демократите извојуваа победа и во Аризона. Таму, после 30 години владеење на републиканците, конгресното столче го презеде Кирстен Синема, демократка.

Трката за место во Сенатот, пак, продолжува и натаму во Флорида и Мисисипи, каде сè уште се бројат гласовите. Очекувањата се дека резултатите ќе бидат на републиканска страна.

Со изборите на 6 ноември, демократите ја презедоа моќта во Претставничкиот дом каде сега имаат 229 места, во однос на 198 места за републиканците.

XS
SM
MD
LG