Само неколку часа откако првите лица од областа за национална безбедност на САД во ретка заедничка прес-конференција во Белата куќа изразија загриженост за напорите на Русија и потенцијално други држави за мешање во претстојните избори во САД, американскиот претседател Доналд Трамп се појави на митинг и не беше жесток кон рускиот претседател Владимир Путин, дури и кога се соочува со се` поголем број докази за руско мешање во изборите.
„Со Путин имам добар однос“, изјави Трамп.
Претседателот ги обвини медиумите за пишување „лажни вести“ и ги окарактеризира извештаите за руското мешање во изборите во САД како „погрешна информација“.
Изјавата на претседателот е спротивна на соопштението од првите луѓе на разузнавањето претходно во денот.
„Продолжуваме да сме сведоци на кампањата на Русија во обид за слабеење, со цел поделба на САД“, изјави директорот за национално разузнавање Ден Коатс, при што додаде дека е свесен дека „Русија не е единствена земја која има интерес да изврши влијание врз домашната политичка клима“.
Коатс рече дека рече дека претседателот Трамп „конкретно, наложил прашањето со мешањето во изборите и осигурување на чист изборен процес да биде приоритет“.
Во меѓувреме, советникот за национална безбедност Џон Болтон испрати писмо до пет сенатори од опозиционата демократска партија дека администрацијата на претседателот Трамп презема „зголемени мерки од историски размери“, со цел да го обезбеди интегритетот на изборите и да спречи секакво странско мешање во изборниот процес“.
Во писмото, конкретно се споменуваат мерки што се преземаат против руската влада, компании и индивидуалци.
Русија презема големи чекори за мешање во изборите во 2016-та, рече Коатс, но нивните активности во моментов не се на тоа ниво.
Facebook Forum