Линкови за пристапност

Анкета: Америка гласа 2010-та


Анкета: Америка гласа 2010-та
Анкета: Америка гласа 2010-та

Направивме анкета по улиците на Вашингтон

Делумните конгресни избори во САД имаат тежина и за Белата куќа затоа што евентуалната, а според стручњаците, сосема извесна промена на односот на силите во обата пратенички дома може да има директно влијание на политика што отсега - натаму ќе ја води претседателот Барак Обама.

Направивме анкета по улиците на Вашингтон: Дали Републиканците на овие избори ќе преземат контрола врз Конгресот?

- Се надевам не. Затоа што сум задоволна со демократскиот Конгрес, кој веќе го имаме. Задоволна сум, добро ми оди во животот и немам поплаки.

- Мислам дека ова е референдум за Обама во САД, затоа што економската криза и стапката на невработеност е на високо ниво. Движењето „Ти парти“ расте поради актуелната економска криза

- Политички сум, неутрална. Јас сум против војни, сакам разумот да победи.

- Се чини дека републиканците ќе остварат предност во Конгресот.

- Граѓаните се заинтересирани за отворање на работни места, помала влада, помалку трошење. Републиканците тоа можат да го остварат.

XS
SM
MD
LG