Линкови за пристапност

Благо подобрување на стапката на невработеност во САД


Месечниот извештај на Одделот за труд вели дека економијата додала 223.000 работни места во април

Стапката на невработеност во САД во април забележа благо подобрување во април, стигнувајќи до најниското ниво во речиси седум години.

Петочниот извештај на Одделот за труд покажува дека стапката на невработеност паднала за една десетина од процент на 5,4%, додека економијата има отворено нови 223.000 работни места за месецот.

Владините експерти велат дека нови работни места има во секторот за бизнис услуги, здравствена заштита и градежништво. И натаму продолжува трендот на губење работни места во нафтената индустрија, која е погодена со падот на цената на суровата нафта.

Новите податоци покажаа дека околу 8,5 милиони луѓе се без работа, што е околу 1,1 милион помалку од истото време лани. Нешто помалку од една третина невработени немаат работа 27 недели или подолго.

Извештајот покажува дека 6,6 милиони луѓе работат со скратено работно време, затоа што не можат да најдат работа со полно работно време. Таа бројка е подобрена за 880.000 од изминатата година наваму.

XS
SM
MD
LG