Линкови за пристапност

Невработеноста во САД - 4,3 отсто


Нови 138.000 работни места во САД во мај

Стапката на невработеност во САД е 4,3 проценти, но пазарот на трудот во мај додал само 138.000 работни места, што е под очекувањата на економистите, се вели во петочниот извештај на Одделот за труд.

Економистите што ги консултираше интернет-страницата за вести од светот на финансиите „Блумберг“, проценуваат дека очекувањата биле отворање на нови 180.000 работни места.

Во време кога економијата во САД се наоѓа во фаза кога „секој што сака да најде работа, може да најде“, се` погласни се повиците за зголемување на минималната сатница на национално ниво.

Најмногу нови вработувања има во здравствениот сектор, со 24.000 работни места за претходниот месец. Рударската индустрија придонела со нови 7.000 работни места, што претставува голем скок во овој сектор од октомври 2016-та.

Просечната сатница има пораст од 2,5 отсто од претходната година кога изнесуваше 22,36 долари.

Иако економијата забрзано додава нови места, сепак изостанува драстичен скок на стапката на економски развој.

Повеќето аналитичари од берзите коментираат дека Федералните резерви најверојатно ќе предложат зголемување на каматните стапки, за време на претстојната средба закажана за 13-ти и 14-ти јуни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG