Линкови за пристапност

Невработеноста помала, но забавило вработувањето


Во март опаднала за 0,1% и сега изнесува 8,2%. Месецот 120.000 нови работни места, за разлика од по 200.000 во претходните три.

Стапката на невработеност во САД минатиот месец опаднала, но од друга страна, забавило вработувањето на голем број лица што беше тренд последниве неколку месеци.

Според најновиот извештај на владиниот Оддел за труд, невработеноста во март опаднала за 0,1% и сега изнесува 8,2%. Ова е најниска стапка од јануари 2009-та, кога САД западнаа во најтешката економска криза уште од времето на Големата депресија.

Сепак, денес објавените податоци индицираат дека стапката опаднала само затоа што поголем број невработени прекинале да бараат работа. Тие не се сметаат за работна сила и не се вклучени во месечниот извештај за невработеноста.

Американската економија - најголема во светот - во март додала 120.000 нови работни места, но тоа е најмалку во последните пет месеци и драстично помалку за разлика од претходните три месеци, кога имало по 200.000 вработувања.

XS
SM
MD
LG