Линкови за пристапност

Наплив на фалсификувана стока во САД


Наплив на фалсификувана стока во САД
Наплив на фалсификувана стока во САД

На мета големите настани како Супербол

Во САД завршува се` поголем број на факсификувана стока, особено пред големите спортски настани, како што беше неделното финале во американски фудбал, велат во Одделот за домашна безбедност. Властите го возвраќаат ударот - неодамна запленија лажни производи во вкупна вредност од 6 милиони долари и затворија преку 300 Интернет-страници што нудеа таква стока.

Спортска продавница во Форт Вејн, Индијана. На прв поглед како и сите други во САД. Можеби за обичниот купувач, но не и за федералните агенти, кои се борат против напливот на фалсификувана стока. За нив, таа е полн погодок – во неа открија цели кутии со лажни дресови.

Анастасија Данајас, адвокатка во Националната фудбалска лига, тврди дека лажните производи ја чинеле нејзината организација милиони долари.

„Само минатата имаше пораст на фалсификувана стока во вредност од 14 милиони долари. Тоа е само запленетата, а не веќе продадената стока“, вели Данајас.

Брајан Хенке е агент на Царинската и погранична контрола, кој на Меѓународниот аеродром во Бостон ги прегледува сомнителните пратки.

„Еден дел од стоката лесно се открива уште на прв поглед. Или логото е погрешно напишано, или пак боите се побледи“, раскажува Хенке.

Напливот на лажна стока е најголем пред поголеми настани, како финалето во американски фудбал Супербол. Хенке апелира купувачите да внимаваат - ако наликува премногу добро за да биде вистинито, најверојатно е фалсификат!

XS
SM
MD
LG