Линкови за пристапност

Расте потрошувачката во САД


Расте потрошувачката во САД
Расте потрошувачката во САД

Во септември поголема за 0,6%, иако приходот на потрошувачите се зголемил помалку од предвиденото

Потрошувачката во САД минатиот месец забележа благ пораст, напоредно со довербата во економијата.

Извештајот на владиниот Оддел за трговија наведува дека потрошувачката во септември нараснала за 0,6%, иако приходот на потрошувачите се зголемил помалку од предвиденото.

Потрошувачката моќ ја движи економската активност во САД и денес објавените податоци покажуваат дека американската економија во моментов расте со годишна стапка од 2,5%.

Ваквите проекции беа поткрепени и од одвоениот извештај на Ројтерс и Универзитетот во Мичиген дека во септември благо нараснала потрошувачката доверба во економијата, со што се зголемува надежта дека американската економија ќе избегне уште една рецесија и ќе продолжи со постепен опоравок.

XS
SM
MD
LG